9.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

77 години од усвојувањето на македонскиот правопис

Македонскиот правопис е донесен на 7 јуни 1945 со решение на Министерството за просвета потпишано од тогашниот министер Никола Минчев.

Во работа од нецела година и на три комисии, азбуката и правописот ги донела Третата јазична комисија во состав: Венко Марковски, Васил Иљоски, М. Павловски, Блаже Конески, Крум Тошев, Иван Мазов, Г. Влахов, Владо Малески, К. Х. Василев, И. Топаловски. На 3 мај 1945, дефинитивно ја утврдила македонската азбука, која ги содржи следните 31 буква: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. Истиот ден, Владата донела решение со кое била озаконета азбуката, кое било објавено во весникот „Нова Македонија“ во празничниот број од 5, 6 и 7 мај 1945 година. Оваа комисија, со исклучок на Мазов, на 2 јуни 1945 го утврдила и нацртот за македонскиот правопис, за кој на 7 јуни 1945 е донесена Резолуција од Владата со што македонскиот правопис станал официјален.

Денес се одбележуваат 77 години од усвојувањето на македонскиот правопис.

Вечерва по овој повод, ќе се одржи промоција на научната книга „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова-Чепишевска, во 19.19 часот, во „Салон 19.19“ при Културно-информативниот центар во Скопје. Книгата е издание на „Матица македонска“, а ќе биде претставена со осврт на Иван Антоновски и со разговор меѓу него и авторката. Во рамките на музичката програма ќе настапи Каролина Петровска на пијано.

Книгата „Конески како тестамент“ е резултат на долгогодишната посветеност на Мојсова-Чепишевска на делото на Блаже Конески. Во книгата се отвораат повеќе прашања и се анализираат сегменти од делото на великанот, коишто претходно не се согледани или потемелно анализирани и коментари од македонската книжевна наука. Со иновативен книжевно-теориски, историографски и културолошки пристап, во оваа книга Мојсова-Чепишевска предочува и низа малку познати информации, податоци и интерпретации и доаѓа до низа тези, согледби и заклучоци, коишто претставуваат ново исчитување и валоризација на делото на Конески како нулта точка на современата македонска култура.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,820FansLike
1,515FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ