15.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022
spot_img

Финска има „шумски училишта“ Што може да научиме од нив?

Невообичаено, но многу ефикасно е движењето за рано образование од Финска, кое добива популарност низ целиот свет. Станува збор за концептот на т.н „шумски училишта“. Овој концепт вклучува, децата од градинка и предучилишна возраст, најголемиот дел од своето време, дури до 95% од училишниот ден, да го поминат на отворено во дивина, истражувајќи, играјќи и учејќи за светот околу нив.

Истражување координирано од Институтот за природни ресурси од Финска за прв пат во светот, покажува дека имунолошкиот систем на децата од три до пет години, се подобрува, кога децата се изложени на зеленило.

Идејата за учење на отворено постои со векови, особено во Скандинавија поради бројните рурални шумски заедници. Па така, прифаќањето на овој концепт, не беше невообичаеност. Ова е креативен начин, децата да го поминуваат целиот ден на отворено, играјќи и учејќи за природниот свет.

Растот на урбанизацијата го намали времето за играње на децата на отворен простор. Високото ниво на хигиена, урбаниот начин на живот и недоволниот контакт со природата, ја намалуваат разновидноста во микробите на органскиот систем. Хомогеноста кај микробите, го зголемува ризикот од нарушувања во имунолошкиот систем, како што се атопија, дијабетес, целијачна болест и алергии.

Во текот на 50-тите од минатиот век, училиштата во нордиските региони започнале да воведуваат утринска прошетка во рамки на возниот ред, а тоа набрзо стана главен момент од училишниот ден на децата. Во 70-тите, кога остатокот од светот се вклучи во програма заснована на резултати, скандинавските наставници ги видоа позитивните ефекти што ги имаат прошетките во природа врз младите ученици и училиштата со шуми, започнаа да добиваат на популарност.

Воспитувачите од други нации, кои имале прилика да ги посетат училиштата за да видат зошто постигнуваат толку повисоки резултати, ги забележале придобивките, поради што започнале да ги вклучуваат во нивните наставни програми.

Повеќе анализи кои се изготвени, откриле дека децата кои живеат во рурални области и се во контакт со природата, имаат помала веројатност да се разболат, како резултат на нарушувањата во имунолошкиот систем. Истражувачките групи на Хејки Хајти, професор по вирологија и Јухо Рајаниеми, професор по урбано планирање, од Универзитетот во Тампере учествувале во студијата. „Резултатите од оваа студија се охрабрувачки кога барате нови можности за спречување на нарушувања на имунолошкиот систем. Веќе сме во тек со понатамошни студии насочени кон постигнување на оваа цел“, вели Хејки Хајти. Кога сме во контакт со природата, се изложуваме на широк спектар на микроби, активирајќи различни делови од нашиот одбранбен систем, сметаат научниците.

Ова се само некои од суштинските придобивки, што и родителите и наставниците ги гледаат од „шумските училишта‘:

Поефикасно учење

Секој родител или наставник на мали деца, ќе ви каже колку е тешко да ги убедите да седат мирни и да молчат, бидејќи тие сè уште не се приспособиле на околината во училницата. Да се биде во природа и да се комбинира учењето преку игра, е многу поефикасно за малите деца. Така полесно го запознаваат светот околу себе. За нив е многу поедноставно да подигнат камен или да видат пеперутка, отколку само да слушаат кога некој зборува за нив. Поверојатно е дека ќе научат дали можат да бројат дрвја или да ги идентификуваат боите на цвеќињата, доколку тоа го прават во окружување со нив, наместо да го поминуваат денот во училница.

Подобро здравје

Многу родители можеби нема да ја прифатат со воодушевување идејата децата да се извалкаат или да бидат надвор на различни временски услови, но фактите покажуваат дека т.н шумските училишта се всушност многу подобри за здравјето на децата. Тие вежбаат во природа, а свежиот воздух го зајакнува нивниот имунитет, што резултира во намалување на веројатноста да се разболат.

Мотивирани наставниците

Да се биде наставник во градинка е стресна работа, но часовите на отворено може експоненцијално да го намалат нивото на стрес. Многу е полесно за наставникот да контролира час во природа, наместо да се обидува да ги смири децата во училница. Покрај тоа, наставниците можат да го темелат дневното учење на она што ќе го сретнат во окружувањето.

Подобрени вештини кај децата

Шумските училишта имаат помал ефект на тестовите и резултатите од нив, но сепак нудат подобри резултати во поглед на подобрување на вештините кај децата. Докажано е дека ваквиот концепт на учење, ги подобруваат вештините во математика, читање, слушање, критичко размислување и пишување. Тоа е суштинска почетна точка што им помага на учениците, за напредување во следната фаза од образованието.

Развивање добри социјални вештини

Можеби на почетокот не изгледа така, но играњето надвор навистина ги подобрува социјалните вештини на детето. Почесто играњето заедно, им помага на децата да научат како да се дружат многу повеќе отколку што го прави училницата. Покрај тоа, овој концепт влијае и на зголемена самодовербата кај децата.

автор, Приказна

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ