15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022
spot_img

Реобјавени пет значајни дела во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност -Блаже Конески

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од еминентни книжевници и професори.

На свеченоста во фоајето на Националната опера и балет синоќа, зборуваа авторите на предговорите, односно поговорите: академик Влада Урошевиќ, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Димитар Пандев. Модератори беа Бисера Бендевска и Ведран Диздаревиќ, уредници на петте книги, кои се дел од едицијата Македонски книжевни класици, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Беше прикажано видео, специјално снимено по повод јубилејот, како и рецитал, во кој познатиот актер Ѓорѓи Јолевски читаше избор песни од Конески.

академик Влада Урошевиќ

„Блаже Конески одигра историска улога, не само за македонскиот јазик туку и во оформувањето на македонската самобитност“, вели академик Влада Урошевиќ во видеото кое беше претставено.

„Блаже Конески е исклучителна фигура во развојот на македонската самобитност, вклучувајќи го тука и стожерникот на нашата самобитност – јазикот, кој е татковина на една нација“, нагласува проф. д-р Зоран Анчевски, еден од говорниците на настанот „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“.

проф. д-р Зоран Анчевски

„Црн овен“ е со поговор на проф. д-р Зоран Анчевски. Станува збор за последната реч во долгото и богато творештво на Блаже Конески, стихозбирка во која на величествен начин го заокружува и го коментира сопствениот опус.

Во стихозбирката „Везилка“, каде што автор на поговорот е познатиот писател и академик Влада Урошевиќ, се присоединети песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“. Тука се собрани најпознатите песни на Конески: ВезилкаСтернаОдземање на силатаБолен Дојчин

Во стихозбирката „Црква“, која е со поговор на проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, носечка е истоимената песна Црква, во која лирскиот субјект, кој е, всушност, гласот на самиот Конески, пее за тагата од сознанието дека сакаат да ја урнат црквата во родното село Небрегово и која, според кажувањата, одиграла клучна улога во отстапувањето од таа намера. Освен оваа песна, стихозбирката содржи тематски сродни мотиви што се однесуваат на религиозни празници и на светци што се поврзани повеќе со неговата семејна традиција, отколку со неговата набожност.

Двотомниот избор од творештвото на Конески „Збор и опит: избор од книжевното творештво“ го приредија универзитетските професори Иван Џепароски и Димитар Пандев. Осмислени по повод стогодишнината од раѓањето на Конески, овие две книги треба да претставуваат краток вовед во неговото дело, избор од најважното што го создал во доменот на книжевноста и во доменот на науката.

„Збор и опит 1“ со избор и предговор на проф. д-р Иван Џепароски ги сочинува најдобрите творби од богатиот уметнички опус на Блаже Конески, од поезијата, прозата и есеистиката.

Збор и опит 2“, кој е со избор и предговор на проф. д-р Димитар Пандев, ги содржи најважните дела од богатиот научен опус на Конески, од неговите трудови и есеи посветени на лингвистиката, историјата и книжевноста.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ