16.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Потресна приказна на мајка, жртва на насилство: со седумгодишната ќерка чистиме по згради, за да може да преживееме

Последните анализи укажуваат дека секоја трета жена е жртва на семејно насилство. За ова често се зборува малку. Жртвите се принудени сами да се борат за своите права бидејќи со години наназад изостанува поддршката од институциите. Во најголем број случаи на семејно насилство, жртви се жените. Во Шелтер-центрите, можноста за нивно згрижување е три месеци, со можност за продолжување на уште три. Но, што потоа? Ваквата безизлезна ситуација ги принудува да се вратат кај насилникот, да побараат помош во домот на своите родители или пријателите, поради што и често живеат во пренаселени домови.

Токму ваква животна приказна има и младата самохрана мајка Марија Шиниковска од Охрид. Таа пред сопствените деца била жртва на семејно насилство. Ја запознавме пред една недела, кога ја снимавме за „Срце на дланка“. Во тие мигови, нејзиното место на живеење сè уште не беше извесно.

Марија Ш.

Марија има 33 години. После еден неуспешен брак, среќата ја бара во нова љубов од која и се раѓаат четири дечиња: Димитра, Светле, Виктор и Љубен. По седум години тортура и семејно насилство, кое се случувало и пред децата, таа одлучува да стави крај на таа заедница. Нејзината мајка е почината, а татко и воопшто не се грижи за нејзините проблеми и живот, па Марија лани била прифатена во Шелтер центар со своите малолетни деца.

– Мајка ми одамна е почината, а татко ми не го интересираат моите проблеми. Единствено, еднаш ми помогна за лековите на Димитра и тоа е сè. Како да не постојам. Како да немам проблеми. Како да не сум му ќерка. Си го гледа својот живот. Јас се борам, со сè и секого, само да обезбедам пристоен живот на моите деца – вели низ солзи оваа млада мајка.

Животот во заедница со таткото на нејзините деца не бил воопшто лесен. Живееле под кирија во соби преполни влага, што ќе биде причина многу брзо децата да ѝ се разболат, а најмногу малата Димитра која има проблеми со лимфните жлезди, поради што не смее да седи во иста соба со своите најмили.

– Поради лошите услови во кои живеевме во стан под кирија со бившиот сопруг, сите деца ми се разболеа. Најмногу влагата од домот се одрази врз Димитра, која и ден денес има бар вирус и задебелување на лимфните жлезди. Постои ризик да и бидат зафатени и дробот и желудникот со бактерија, а јас немам средства за да лекувам соодветно. Од една хуманитарна организација, ми помогнаа, ми платија лекување и лекови кои чинеа десет илјади денари. Се’уште треба да се лекува, а јас немам од каде-додава Марија.

На 14 јануари минатата година, на роденденот на малата Димитра, на телефонот на Марија се јавила една хумана жена, а добила и вест дека им е им е одобрен стан од 32 м2. До моментот кога ние ја снимавме, за жал, Марија со децата сè уште не беше вселена во тој стан, бидејќи Решението не беше потпишано од надлежните. Поради тоа што поминал рокот до кога може да остане во Шелтер центарот, золвата на Марија, Виолета, сестра на нејзиниот сопруг, се сожалила за децата, па иако има нерешени имотно правни односи со деверите, сепак ја засолнила Марија со најмилите.

– И золва ми нема за неа, а нам ни понуди покрив зашто останавме на улица. Таткото на децата не се грижи дали тие се а улица. Денар не ми дава. Колку има золва ми, толку нипомага, ни дава за јадење. Но и таа може да остане на улица. На суд е со деверите. Сопругот и е починат-низ солзи објаснува Марија.

Оваа предвреме остарена мајка не зема социјална помош. Од бирото добива шест илјади денари, само уште овој месец. Сметките за струја кај золва и мора да ги плаќа, па ако не е помошта од хуманите луѓе и организации, таа вели дека ќе останат без храна, пелени и млеко за најмалиот Љубен.

Тешко и минува дните. Иако децата се мали, таа сака да работи. Знае дека тоа е единствен начин да обезбеди подобри услови за живот на најмилите. За жал во ноември минатата година, останала без работа.

– Малите ми бараат, а јас немам да им дадам. Љубен има само една година, но, принудена сум да го оставам кај золва ми неколку часа, за да можам со седумгодишната ќерка Светле да одам низ градов, да чистам по зградите. Така можеме да земеме две дневници, па да купиме храна да преживееме-раскажува Марија.

– Јас метам, мама ги брише скалите. Така побрзо работиме и добиваме дневница плус-додава малата Светле.

Најголема желба на ова семејство е да се всели во станот од една соба, кој за нив би бил најубавото катче за живот, само да не останат на улица. Тоа едногласно го кажуваат Марија и децата, не сакајќи да останат на улица.

Нашата екипа веќе има информација дека надлежните во најбрзо време ќе го реализираат решението, со што ќе се исполни големата желба на ова семејство. Сепак и кога ќе се вселат во станот, на оваа мајка и треба работа, за да може ова семејство да се храни, бебето да има пелени, млеко … Станот за да биде во функција, потребни се електрични апарати… Искрено се надеваме дека годинава, оваа приказна ќе стане убава

Доколку сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на оваа жиро-сметка 200003119011421 Стопанска Банка или на телефонскиот број 076/605116.

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,388FansLike
1,400FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ