14.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Наумче Мојсовски: Допингот е зло за спортот и спортистите

Со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, разговаравме за законската регулатива за антидопинг

Приказна Зошто е значајно справувањето со допинг кај спортистите?

Наумче Мојсовски Дефинитивно еден од важните чекори за справувањето со антидопинг средствата во самиот спорт е важно, затоа што спортистите и младите категории треба „го фатат патот“ како што треба.

Дефинитивно допингот во спортот е нешто најлошо што еден спортист може да го замисли, па мисли дека со тоа може да направи некој успех. Допингот е зло.

Наша најголема заложба од Агенцијата за млади и спорт, е тоа да го направиме со закон. Педлог законот веќе е пратен и мислам дека за брзо време треба да се браниме тој предлог на седница на Влада. Искрено се надевам дека ќе имаме закон за антидопинг и ќе имаме една независна агенција која ќе раководи со тој антидопинг.

Сакаме спортот да биде како што треба. Спортот е на спортистите, затоа што тие го заслужуваат тоа.

Приказна Што презема нашата држава во однос на антидопингот?

Наумче Мојсовски Законот е веќе даден во Министерство за правда на консултации. Во поглед на неговото подготвување, 80% е под правда, а 10% под здравство.

Би сакал да потсетам дека на светското првенство во атлетика во затворен простор, како гостин во нашава држава, пристигна Канаѓанецот кој е претседател на антидопинг организацијата, заедно со европскиот претставник. Ние направивме состанок и се заложив кога ќе дојде времето да се брани на влада, бидејќи тој закон за нас спортистите е многу важен, да дојдат и од кај нив, и да образложат во Владата зошто е важно ова тело да биде независно, да не биде ниту под агенција, ниту под државата. Само така ќе го стабилизираме спортот кај нас.

Документарен магазин Приказна на тема стероиди

Што презема државата во поглед на користење на стероиди од страна на младата популација?

Наумче Мојсовски Ние сме против. Кај нас, стероидите почесто се користат за билдерски цели. Во ракометот, скоро и да не сме се соочиле со стероиди. На пример во бодибилдингот, тие кои дигаат тегови или при фрлање ѓуле, таму каде треба сила, таму треба да се напумпа мускул, да се направи маса, а сите знаеме како се прави таа маса. Тоа природно не може да го постигнеш. Стероидите си го прават своето.  Секако, ние не ги поддржуваме, со нездраво користење на стероидите не можеш да биде спортист и да се бориш за спортски резултат. Тоа кај нас е забрането и ние не го поддржуваме. 

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ