16.8 C
Skopje
Saturday, October 5, 2024
spot_img

М-р Катерина Дунимагловска: За да спречиме децата да бидат жртви, да ги научиме правилно да ги користат дигиталните алатки

Го препознаваме насилството кај децата преку регистрирање на нивното однесување. Забележуваме дека е поинакво. Некои деца се повлекуваат, се затвораат, не комуницираат со своите другарчиња ниту пак со нас, или пак покажуваат некаков вид на агресија. Тоа се двата типа кои укажуваат дека детето поминува низ некој тип на насилство, споделува м-р Катерина Дунимагловска во интревју за Приказна

Како наставникот да препознае дека некое дете е жртва на дигитално насилство?

Катерина Ние, наставниците сме како втори родители и сме повеќе време со децата од нивните родители. Го препознаваме насилството кај децата преку регистрирање на нивното однесување, кое забележуваме дека е поинакво. Некои деца се повлекуваат, се затвораат, не комуницираат со своите другарчиња ниту пак со нас, или пак покажуваат некаков вид на агресија. Тоа се двата типа кои укажуваат дека детето поминува низ некој тип на насилство.

Постојат и други типови на насилство. Дигиталното насилство само малку го зголеми процесот и многу побрзо го активира. И порано постеле насилства, но повеќе сме комуницирале, сега дигиталното насилство направи еден друг процес каде што многу побрзо, децата сакаат да ја одбегнат онаа секојдневна комуникација и се затвораат во дома, се посветуваат на телефоните, гледаат видеа и веќе не знаат како да комуницираат.

Во денешно време приметуваме дека многу од учениците посебно во повисоките одделенија, во средно училиште, кога децата влегуваат во пубертетот, се појавува голема анксиозност кај средношколците. Причината за оваа состојба лежи во фактот што децата, младите луѓе цело време се посветени на дигиталниот начин на комуникација. Сè почесто бараат помош и од нас како наставници, а подоцна и помош и од стручните служби.

Може ли дигиталното насилство да предизвика штета во образовниот процес?

Катерина Делумно да. Многу е битно технологијата да ја користиме правилно. Ние на некој начин им го овозможуваме тоа. Знаете како, сите ние заедно треба да си помогнеме едни со други. Кога дозволуваме да ја користат технологијата, треба да им ги посочуваме и да разговараме за линковите кои ги посетуваат.

Многу е важно да бидеме повеќе будни, не само како наставници туку и како родители. Во образовниот систем, децата се оставени на нас наставниците и ние се справуваме со проблемите што ги имаат и семејно, дома. Оттаму тие проблеми се пренесуваат во училиштето.

Знаете како, доаѓаат различни типови на деца кои доаѓаат од различни средини, со различен начин на воспитување во поглед на користење на технологијата. Некои имаат многу поголеми познавања, некои имаат помалку познавања. Па се случува едни со други, да ги злоупотребуваат начините на комуникација. Оние ученици кои немаат доволно самодоверба, паѓаат, се затвораат и почнува процесот на анксиозност, напаѓање.

Каде е улогата на наставникот кога зборуваме за дигитално насилство, кога ќе препознае дека некое дете е жртва?

Катерина Најпрво како наставници кога ќе го препознаеме, треба да допреме до нив, да ни се отвори, да ја знаеме проблематиката, бидејќи тие деца кога се затвораат се плашат и од нас како наставници. Кога ќе ја стекнеме довербата да се отворат, тогаш може да се реши проблемот.

Оваа проблематика постоела и во минатото како мобинг, насилство. Сега е модерен овој начин на насилство со технологијата.

Кога ќе ја стекнеме довербата на детето, неопходно е да му помогнеме со блокирање на профилот, оставање на телефоните. Доколку има закани да се пријави во училиштето, па потоа во службите, па сите заеднички да го најдеме изворот и да си помогнеме едни на други.

Документарен магазин Приказна

Мислам дека може да си помогнеме ако се едуцираме што повеќе и децата научат да препознаваат што е дозволено што не. Тоа е култура. Ако се однесуваме културно надвор, ќе се однесуваме културно и на социјалните мрежи.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,683FansLike
3,356FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ