21.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Марина Тунева: Инфлуенсерите треба да имаат вештини, професионалност и етичност

Апсолутно дека треба да задоволуваат етички критериуми во својата работа. Да настапуваат професионално. Негување култура во комуникација, професионалност во настапот, аргументирано зборување врз основа на вистинити, проверени и проверливи информации. Тие норми и принципи на однесување треба да се почитуваат од страна на инфлуенсерите бидејќи штетата може да биде на страна на публиката т.е. на тие кои безрезервно го следат и почитуваат мислењето на инфлуенсерот. Тие ги имитираат постапките, настапуваат врз основа на тие дадени информации, да се однесуваат на начин на кој укажал инфлуенсерот. Немаат потреба да консултираат друг тип информации, да го третираат како единствен извор на информација итн. Почитување на етички норми, принципи и правила е императив, нагласува во интервју за Приказна, д-р Марина Тунева.

Што е инфлуенсер и кој може да биде инфлуенсер?

Марина Тунева Тоа е широк поим што подразбира лице кое може да учествува, има способност да учествува во јавна комуникација, има можност критички да ги проценува појавите, случувањата, настаните околу себе. Да има убедувачки способности, да има приврзаници кои веруваат во тоа што го зборува, моќ на убедување, лице кое пред сè има специјализирано знаење во одредени области. Бидејќи, без да има таков тип знаење, а да се вклучува во јавни дебати, може да се отворат некои други прашања околу тоа дали неговите искази се автентични и дали може да им се верува.

Во поново време во стратегии за дигитална комуникација, инфлуенсерите се редовна работа која се предвидува како позиција и ангажман. Тоа подразбира вклучување во заложбите за комуникација или промоција на одредени настани, производи, услуги … И тоа е еден сегмент што влегува во описот на ваков вид занимање или професија. Меѓутоа, има многу поширок спектар.

Неодамна имаше едно истражување кое упати на тоа дека дури и политичари знаат да вклучат инфлуенсери во одредени стратегии за настап пред публика. Она што е клучно е дека треба да се поседуваат неопходните знаења во врска со темата за која се зборува, дури и до степен тоа да биде специјализирано знаење. Не може секој да се вклучува во јавната дебата и јавноста т.е. следбениците да ги изложува на информации кои можеби се невистинити.

Кои вештини треба да ги поседува инфлуенсерот?

Марина Тунева Тоа се повеќе вештини, но пред сè: вештина за комуникација, вештина за убедување, вештина за аналитичност, критичко расудување, вештина за убедливо зборување пред публика, харизматичност во настапот, култура на комуникација е особено важна. Бидејќи имаме случаи во кои културата не се негува односно недостига и со самото тоа создаваат друг тип штетни последици. И тука станува збор за широк спектар вештини кои некому ќе му ја дадат основата за да биде инфлуенсер и на тој начин да учествува во јавната комуникација.

Дали инфлуенсерите треба да задоволуваат етички критериуми во своите објави?

Марина Тунева Апсолутно дека треба да задоволуваат етички критериуми во својата работа. Да настапуваат професионално. Негување култура во комуникација, професионалност во настапот, аргументирано зборување врз основа на вистинити, проверени и проверливи информации. Тие норми и принципи на однесување треба да се почитуваат од страна на инфлуенсерите бидејќи штетата може да биде на страна на публиката т.е. на тие кои безрезервно го следат и почитуваат мислењето на инфлуенсерот. Тие ги имитираат постапките, настапуваат врз основа на тие дадени информации, да се однесуваат на начин на кој укажал инфлуенсерот. Немаат потреба да консултираат друг тип информации, да го третираат како единствен извор на информација итн. Почитување на етички норми принципи и правила е императив.

Дали инфлуенсерите кај нас се придржуваат до етичките норми?

Марина Тунева Прашањето околу кодексите и (само) регулација во овој домен е поново и на глобално ниво. Сè повеќе се одвиваат дискусии, некои отишле чекор понатаму, стигнале да подготват и кодекси и да се почитуваат.

Во одредени држави тоа е прашање на законска регулација, особено ако се остварува приход. Сè повеќе се зборува околу тие прашања, меѓутоа доминираат размислувањата и перспективите дека ова треба да биде прашање на саморегулација.

Во регионот има потпишано кодекс од групација на инфлуенсери во Хрватска во 2021 година, на некој начин си создаваат база на принципи, вредности кои ќе ги почитуваат во настапот пред публиката.

Многу е важно да се посвети должно внимание на кодекс и самите инфлуенсери да учествуваат во дебати за саморегулација. Се разбира оние што ги поседуваат вредностите, вештините, квалификациите, способноста да учествуваат во јавниот дискурс на ваков начин. Ова прашање може дополнително да се разгледува, со цел да се види кој е најдобриот начин. Дека не се почитувале принципите на етичко однесување, имаме такви примери. Понатаму се поларизира јавноста, граѓаните кои веруваат тоа го прават безрезервно, има и такви кои критички расудуваат и не веруваат ако одредена работа е навистина погрешна. Сме имале случаи на говор на омраза, дискриминаторско поведение и знаете какви ефекти тоа може да создаде особено врз помладите. Одговорноста е навистина голема и треба да се настапува професионално, умерено, балансирано, врз основа на аргументи, врз основа на она што претставува одраз на вистината во јавната комуникација.

Наташа Јанкулоска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,401FansLike
2,994FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ