33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Изложбата „Допирот има меморија“ отворена во Младински културен центар

Правејќи уникатен спој на сликарство и македонска поезија, уметницата Ѓоргина Спасевска со својата изложба им овозможува на луѓето со оштетен вид да ја искусат ликовната уметност на едно сосема поинакво ниво. На сликите со Брајово писмо се испишани цитати од македонската поезија. Со допирање на платното, се откриваат зборови што ја креираат врската помеѓу зборот и сликата.

Некои дела се покриени со тенок слој јаглен, па присутните со секој допир ќе учествуваат во нивното континуирано создавање.

Спасевска се занимава со уметност над 20 години.Учествувала на повеќе уметнички настани и изложби, како дел од иницијативата „Донирај уметност“ каде што беа донирани збирки од повеќе од 70 уметнички дела од Северна Македонија до Грција како солидарност по пожарите во Грција, 2018 година; Саемот за уметност In Situ Саем во МКЦ Скопје, 2019 година; настанот „Запознај го уметникот“ со изведба во живо – создавање уметност, Скопје, 2019 година; дел од групна изложба „Будење“, ноември 2021 година, а авторка е и на две самостојни изложби – едната како дел од настанот Skopje Design Week во Јавна соба, Скопје 2018 година и самостојната изложба „Femme“, март 2019 година.

Изложбата е поддржана од Delegation of the European Union, Skopje и Europe House Skopje, а ќе трае до 17 јуни.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ