20.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Извештај на членовите на британскиот парламент: Родителите ги искористуваат своите деца како инфлуенсери

Родителите ги искористуваат влијателните деца за да заработат пари на социјалните мрежи, а тоа има доживотни последици, предупредија членовите на британскиот парламент во објавениот извештај, пренесува Гардијан.


Според пратениците, владата мора да воведе закон за заштита на влијателните децата на социјалните медиуми од експлоатација, да ги истражи стандардите за плаќање на возрасните во индустријата и да направи повеќе за да ги принуди инфлуенсерите да ја означат содржината што е платена.


Одборот за дигитални, културни, медиумски и спортски активности спровел истрага за културата на инфлуенсерите и открил примери на влијателни деца кои добивале закани за киднапирање, претрпено вознемирување, што оставило последици врз нивното ментално здравје.


Во извештајот се наведува и дека сведоците се загрижени дека „некои деца се користат од родителите и членовите на семејството за да заработат пари“.
„Како и кај другите инфлуенсери, монетизацијата на профилот на успешни деца инфлуенсери може да биде примарен извор на приход за семејството. Добро е познато дека славата на млада возраст може да има штетни ефекти врз развојот на детето. Точниот ефект на славата на социјалните мрежи, кој може да биде многу поличен, сè уште не е истражен. Сепак, постојат докази дека славата на социјалните мрежи може да има сериозни психолошки последици“, се вели во заклучокот.


Одборот истакнал уште една темна страна на културата на инфлуенсерите: „Објавувањето содржини за деца на интернет може да влијае на нивната приватност, што носи безбедносни ризици. На пример, известувањето за настани на социјалните мрежи или објавувањето фотографии од домот на детето може да ја открие нивната локација“.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ