12.8 C
Skopje
Thursday, June 1, 2023
spot_img

Зошто партиите се плашат од имплицитните техники за мерење на јавното мислење?

За жал, сведоци сме на многу црни кампањи, па доволно е партиите само едно тестирање да направат и да видат дека нивните кампањи веќе не носат поени кај нивните гласачи, но тие упорно одат со тоа, наместо да користат алатка којашто е брза, ултра ефикасна, точна и пред сè е евтина, а зошто не ја користат? Најверојатно затоа што не сте блиски до одредена политичка партија, вели во интервју за „Приказна“, Весна Кузмановиќ, тим лидер на проектот „ИМПАЛА“.

Весна Кузмановиќ, тим лидер на проектот „ИМПАЛА“.

Пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори, закажани за 17 октомври, партиите и агенциите кои го испитуваат јавното мислење и расположение на гласачите, почнаа со објавување на податоци од анкетите кои ги спроведуваат. Овој класичен модел на испитување на јавното мислење, најчесто се одвива телефонски или теренски, каде се земаат предвид одговорите на одредена бројка таргетирани граѓани. Но, од друга страна се наметнува прашањето: Колку недвосмислените техники за истражување, базирани на одговори на испитаниците, се попрецизни во однос на имплицитните техники на мерење, базирани на реакции на луѓето на сите типови дразби од надворешната средина без употреба на зборови?

Имплицитните техники се релативно понови од познатите и широко користени недвосмислени техники на истражување и со развојот на технологијата стануваат достапни. Суштината на имплицитните техники е дека се мерат реакции на луѓето на сите типови дразби од надворешната средина без употреба на зборови. Овие метрики се користат во неврологија и се добро познати како ЕЕГ, галванов рефлекс, движење на зеница на око, пулс, притисок итн. Овие техники се користеле строго само во медицински цели. Во научни или маркетинг цели ваквите истражувања се ултра скапи, бараат многу време и ресурси па затоа и не се оправдани.

За среќа, денес технологијата овозможува овие решенија да се применуваат без ангажман на скапа апаратура и затоа стануваат достапни и во научни или маркетинг цели.

Имаме алтернатива која не е 100% прецизна, но грешката од 5% е занемарлива ако се земат предвид предностите кои ги нуди: ниска цена, нема ангажман на луѓе, може да се спроведува истражувањето истовремено секаде низ светот, лесно за користење итн., вели за „Приказна“, Весна Кузмановиќ, тим лидер на проектот „ИМПАЛА“ и управител на компанијата СТРАТУМ РиД која е носител на овој проект.

ИМПАЛА е мултидисциплинарен проект и по многу нешта репрезент на бизнисот на 21 век. Тоа е проект кој се базира на најновите научни достигнувања од областите на економска психологија, неврологија, еволуциска психологија, маркетинг, или со еден збор НЕВРОМАРКЕТИНГ, преточени во нови технолошки решенија – односно ИКТ решенија.

Политичките партии не сакаат да ја користат „Импала“. За жал, сведоци сме на многу црни кампањи, па доволно е партиите само едно тестирање да направат и да видат дека нивните кампањи веќе не носат поени кај нивните гласачи, но тие упорно одат со тоа, наместо да користат алатка којашто е брза, ултра ефикасна, точна и пред сè е евтина, а зошто не ја користат? Најверојатно затоа што не сте блиски до одредена политичка партија, додава Весна Кузмановиќ.

Имплицитните техники на мерење генерално се поатрактивни и многу попрецизни во предвидувањата за успех на одреден производ или услуга, отколку техниките за истражување базирани на одговори на испитаниците како анкети и интервјуирање. Но, каков е интересот кај нас, а како на поширокиот пазар?

Факт е дека Македонија е конзервативна во многу полиња, пред сè за нешто коешто е ново. Кај нас интересот е многу помал, за разлика од Србија каде имаме најголеми проекти од клиенти коишто се отворени за такви нови методологии, не само што се отворени, туку и пред нивните партнери настапуваат со барање за нешто иновативно, нешто што ќе ги натера само да се развијат. Во Македонија за жал го нема тој став. Многу мал број на компании и поединци кои се занимаваат со маркетинг сакаат да пробаат нешто ново, во случајов од областа на невромаркетингот, открива Кузмановиќ.

Весна е претриемач веќе 20-тина година. Вели дека пречки постојат, посебно ако припаѓате на поспецифична група во општеството.

Зошто? Кај нас повеќе од бизнисите се завршуваат во кафеана. Ако сте мајка, сопруга, која има и други обврски во денот и нема време да поминува саати во кафеана. Политиката е исто така голема пречка, бидејќи ако не сте припадник до некоја политичка партија тогаш практично политичките партии не сакаат да ја користат Импала, а тоа е решение кое ќе им каже на партиите какви кампањи да тераат, што им носи гласови, а што не. Партиите упорно одат со анкети, наместо да користат алатка којашто е брза, точна, ефикасна, а пред сè и евтина.

Голема приказна, во мала земја. Но, се може да успее, ако размислуваме глобално и од дома, тргнеме да го освојуваме светот.

Искрено ние уште кога ја почнувавме оваа приказна таргет не ни беше Македонија. Импала е играч на глобално ниво и тоа во рамките на 5-6 најиновативни технолошки компании. Не оди брзо за жал, бидејќи за да станете глобален играч се потребни големи вложувања. Како држава не сме баш еко-систем во кој се „тепаат“ да дојдат инвеститори. Поради тоа мислам дека патот ќе биде подолг, за разлика од тоа ако доаѓате на пример од САД, Холандија и слично, но мислам дека за 2-3 години ќе станеме глобален играч.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

4,305FansLike
1,656FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ