8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Барем струја да имав: На Иван Чамбов, солзите му се единствени пријатели во студените ноќи

Иван е шеесет годишен човек кој живее во Штип. Половина од животот живеел во мрак. Се’уште живее во такви услови.

Не пречека со солзи во очите, чиниш последните капки ги чуваше за нас, за да ни ја раскаже тешката животна агонија за емисијата „Срце на дланка“.

Пред триесет години живеел со братот и родителите во стан во Штип. Но, поради семејни проблеми и создавање свои семејства тие прават поделба, па Иван започнува да создава живеалиште кое никогаш нема да добие основни услови за живот.

Иван одлучува да се ожени во 1982 година. Во бракот кој трае седум години, тој добива син и ќерка, кои после разводот остануваат со мајката. Немал услови да ги земе кај него дома, но вели дека дваесет години плаќал алиментација.

За време на викендите, кога децата доаѓале кај него на гости, плачеле, велејќи му дека сакаат да останат кај него, поради тоа што дека нивната мајка не ги чува како што треба.

Иван често останувал без работа, па, бил принуден да лови риба навечер и да ја продава на пазар. Тој има уште една животна траума. За време на конфликтот бил испратен во војска, а животот му бил загрозен во неколку наврати. „Ми летаа золји над глава. Едвај се вратив жив дома“-се присетува Иван.

Кога конечно собира сила да направи куќа, тоа го прави сам, без ничија помош. Сè било подобро кога бил помлад. Можел да издржи сè. Сега веќе не.

Иван е во работен однос, но тој зема минимални средства. Половината од нив, ги дава за кредит кој го земал уште одамна, за да ја прави куќата. Па, од скромните 15.000 денари, му остануваат многу малку пари, кои не се доволни да го преживее месецот.

Иван веќе со години готви сам. За него седнување во ресторан е луксуз. Летно време се бања во вода греана во шишиња од сонцето. А, кога е постудено, оди во бања. Таму ги носи и алиштата да ги испере. Луѓето поради ваквата состојба, го одбегнуваат. Но, тој не се откажува од човечноста во него, па колку може им помага. Ќе каже „нема да ми се исушат рацете, ако им помогнам нешто“.

Често се случува да биде гладен.

Денот му завршува со заоѓањето на сонцето. Единствена светлина во неговиот живот е светлината од свеќите. Тој сам игра табла. Сам го минува животот. Сам и премрзнат. Осамен и тажен. Најчесто солзите му се единствени пријатели во ноќите.

„Кога времето е поубаво, знам да се симнам до градот и да шетам. Не смеам да седнам во ресторан. Тоа не сум го направил со години-вели Иван. Но, кога доаѓа времето за враќање, не ми се влегува дома-додава тој. Друго би било, ако имам струја. Најголема желба ми е барем еднаш да се стоплам и да гледам телевизија пред да заспијам, низ солзи раскажува Иван.“

Сите што сакате да му помогнете на Иван, тоа можете да го направите на телефонскиот број 077/639703 или на трансакциската сметка 200001772925737 Иван Чамбов

Автор,

Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ