14.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Емоционалното прејадување води до проблеми со тежината

Мозокот може да ни праќа информација дека сме гладни, но всушност ние тогаш сме „душевно“ гладни и јадеме врз база на емоциите. Пример, од луѓето кои имаат проблем со вишокот килограми, често знаеме да слушнеме дека биле несреќни во одреден период од нивниот живот, па консумирале повеќе благо и така го достигнале својот максимум во килажата, затоа не треба да се храниме психолошки, туку со тоа што телото ни бара, вели за „Приказна“, нутриционистот Мартина Давидовска.

Приказна ЕП.34 – Дебелината како здравствен проблем

Приказна: Колку балансираната исхраната може да ни помогне во „борбата“ со дебелината?

Давидовска: Дебелина е многу штетна по здравјето, бидејќи самиот човек не може лесно да се носи со тоа. Често од луѓето кои имаат вишок на килограми, слушаме: ех, да можам помалку да јадам, за да можам полесно да се движам. Јас на ова само би додала дека не треба да се јаде помалку, туку треба да се внимава што се јаде. Секогаш е важно што имаме во нашата чинија и како да се избалансира тоа што се јаде во денот, но и како ќе се потроши тоа.

Балансот значи да немаме масни наслаги, да бидеме здрави, во фит форма и тоа добро да ни влијае на нашето целокупно здравје и физичко и психичко.

Приказна: Што се подразбира под балансирана исхрана, која ќе ни помогне во ослободувањето од вишокот килограми?

Давидовска: Избалансирана исхрана е да си го слушаме телото, односно да јадеме тоа што ни се јаде во тој момент, но да знаеме како подоцна тоа да го согориме и да се прашаме зошто тоа ни го бара организмот. На пример ако ни бара благо, значи дека гликемиските резерви во нашиот организам се потрошени, но како да знаеме кога организмот ни бара благо? Одговорот е кога телото ни ја праќа информацијата, а не мозокот.

Мозокот може да ни праќа информација дека сме гладни, но всушност ние тогаш сме „душевно“ гладни и јадеме врз база на емоциите. Пример, од луѓето кои имаат проблем со вишокот килограми, често знаеме да слушнеме дека биле несреќни во одреден период од нивниот живот, па консумирале повеќе благо и така го достигнале својот максимум во килажата, затоа не треба да се храниме психолошки, туку со тоа што телото ни бара. Тоа е балансот.

Приказна: Како да тече процесот на стекнување нови навики во исхраната, кои ќе ни помогнат со вишокот килограми?

Давидовска: Во првите неколку месеци, кога некој има прекумерна телесна тежина, ќе почне да исфрла вода и ќе почне да се чувствува полесно, но понатаму како ќе го зголемува обемот на здравата исхрана, тоа не треба да го прави одеднаш, односно треба да оди многу полека.

Прво на пример треба да го исфрлиме лебот. Тие оброци треба да ги замениме со нешто поздраво. Месото не треба да се пржи, туку да се вари или да се пече, но без многу маснотии во него. Постепено да почнеме да јадеме поголеми количества на овошје, па потоа зеленчук и тоа да ни станува секојдневие во исхраната.

Приказна: Кои здравствени проблеми ги остава дебелината?

Давидовска: Се јавува дијабетес, нарушување со целиот систем на варење, а знаеме дека тоа е вториот мозок во организмот. Потоа може да се јават и инсулински скокови, се замастува црниот дроб, лоша е крвната слика. Ова се најчестите првични проблеми кои ги носи дебелината.

За Приказна

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ