33.8 C
Skopje
Tuesday, June 28, 2022
spot_img

Дарја Ризова најдобра меѓународна актерка во Турција

Со затворањето на театарската сезона 2021-2022 година, жирито на Јени Тијатро Дергиси (Yeni Tiyatro Dergisi), во селекција на повеќе од 200 театарски претстави, го објави првиот дел од Меѓународните награди за достигнувања на најдобри актери, продукции и претстави во Истанбул.

Жирито кое внимателно ги следи сите светски театарски трендови и вклучува значајни имиња и ветерани со големо мајсторство во својата област, едногласно ја додели наградата на нашата актерка Дарја Ризова за најдобра актерка на меѓународно ниво за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“, копродукција на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција и Сараевскиот ратни театар – САРТР.

За актерката ова е втора награда за најдобра актерка за истоимената улога/претстава. На 13 јуни во културниот центар „Кадебостан“ во Кадикој – Р Турција, и официјално ќе биде доделена статуетката на овој реномиран, светски театарски настан.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,476FansLike
1,414FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ